Утрински Весник
Македонија

252 санкционирани возачи на мотоцикли, девет мотоцикли одземени

Казни за  235 возачи на мотоцикли, одземени два мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17 до 23 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 252 возачи, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Од нив, 152 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 52 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопшти МВР.

Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

СДСМ: Анти-ЕУ и анти-САД кампања со полна пареа

Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм – политиките за изолација скапо ја чинат Македонија