Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

24 нови пациенти во ковид центрите во Скопје , се лекуваaт вкупно 446 лица

24 нови пациенти во ковид центрите во Скопје , се лекуваaт вкупно 446 лица
Img 7972

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирус. Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 156 пациенти, велат од здравство.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.

Од ресорното министерство додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, потенцираат здравствените власти.

Можете да прочитате

Пукање во центарот на Куманово – повреден носител на советничка листа од Липково

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДИЗ: Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите, црвените пиперки не се вратени во Македонија