Утрински Весник
Македонија

24 возачи казнети поради затемнети стакла и користење на светкачи

24 возачи казнети поради затемнети стакла и користење на светкачи

Во текот на минатата недела сообраќајната полиција спровела контрола за санкционирање на воизла на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) и користење на уреди за светлосни и звучни знаци, при што санкционирани се 24 возачи.

Како што информираат од МВР, 23 возила имале вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а едно возило поседувало уреди за светлосни и звучни знаци.

Од ресорното министерство посочуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија