Утрински Весник
Македонија

232 сообраќајни прекршоци во Скопје, 34 за брзо возење

232 сообраќајни прекршоци во Скопје, 34 за брзо возење
Dik 300x250 mk

По засилените сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден, на територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 232 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 34 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Биле изречени 14 казни за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, 47 прекршоци што ги направиле пешаците, девет прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување, 65 казни за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа