Утрински Весник
Македонија

23. Меѓународна младинска конференција во Крушево

Poster scaled.png

Во периодот од 25–29 септември 2025, традиционално во Крушево ќе се одржи 23-то издание на Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа”, во организација на Младински Сојуз.

Овој настан се одржува во клучен момент за младите во регионот, кога растот на евроскептицизмот и актуелните изборни процеси отвораат сериозни предизвици, но и можности за активно делување. Со заеднички напори, младите можат да придонесат во градењето на довербата и да го спречат понатамошното ширење на евроскептицизмот.


Својата експертиза, знаење и искуство на овие теми, со младите ќе го споделат неколкумина реномирани експерти, професори, активисти и претприемачи, меѓу кои и Петра Дрекслер, германски амбасадор во Северна Македонија; Диана-Франческа Дубариу, меѓународен соработник на Фронтекс и поранешен парламентарен советник; Зоран Нечев, член за политика и застапување во Think Europe; Ана Зафирова, слободен новинар и специјалист за комуникации, како и многумина други.

На конференцијата ќе присуствуваат над 100 млади лидери од 14 држави, кои активно работат за позитивни промени и интеграција во Европската Унија.

Можете да прочитате

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Приведени пет лица, возеле под дејство на алкохол, едно предизвикало и сообраќајна несреќа

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8