Утринава Руски сили истрелаа ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, соопшти Олександр Стријук, украински гувернер на областа Запорожје.
Стануваше збор за конвој цивили кои со автомобил оделе да ги земат своите роднини од териториите под руска окупација.
Непријателот нападна цивилен конвој во предградијата. Луѓето беа во колона која требаше да се упати кон окупираната територија за да ги земе роднините и да достави помош. Има мртви и ранети, а итната помош е на терен, напиша Стријук на Телеграм, а потоа уште еднаш извести и за бројот на загинати и ранети.
„Во моментов знаеме за 23 мртви и 28 ранети. Сите цивили, наши сограѓани. Горете во пеколот, проклети расисти (комбинација од зборовите Руси и фашисти што ги користат Украинците)“, објави тој на Телеграм,пренесе Индекс.хр.