Утрински Весник
Македонија

227 казни за брзо возење

135 санкционирани возачи во Скопје, 11 без возачка дозвола
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 227 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 101 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 126 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

Потпишан Меморандум за разбирање со Универзитетот „Мајка Тереза“ 

Муамет Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање