Утрински Весник
Македонија

220 санкционирани возачи во Скопје, 76 за брзо возење

90 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 46 мерки за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 13 санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Николоски: Сите државни патишта се проодни низ цела Македонија 

Поранешниот директор на геријатрија осуден на четири години затвор

ЦУК: Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот