Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
Според информациите од МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.