Утрински Весник
Македонија

21 кандидат се борат за позицијата судија во Стразбур – меѓу нив и Ленче Ристовска и Оља Ристова

Img 8643.jpeg

Обвинителката Ленче Ристовска и судијката на Кривичниот суд, Оља Ристова, се меѓу 21-те пријавени кандидати на конкурсот за избор на нов судија од Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, објави ТВ Телма. Двете го потврдија своето учество во трката за оваа престижна меѓународна функција.

MK Summit

Конкурсот го распиша Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), а меѓу пријавените има судии, обвинители, но и познати адвокати. Од МНР информираат дека Меѓуресорската комисија, формирана со одлука на Владата, ќе ги разгледа апликациите и ќе ги интервјуира кандидатите. По ова, ќе изготви рангирана листа и ќе предложи тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа, во согласност со член 22 од Европската конвенција за човекови права.


„Процесот на селекција ќе се спроведе согласно утврдените критериуми и процедури, со цел обезбедување на транспарентност и објективност при изборот на најсоодветните кандидати за оваа значајна позиција“, изјавија од МНР за ТВ Телма.

Мандатот на судијата во Европскиот суд трае девет години. Од 2017 година, функцијата ја извршува Јован Илиевски, а неговиот наследник треба да ја преземе должноста на почетокот на 2026 година.

Можете да прочитате

Викендов ќе имаме вистинско лето: Стабилно со температури до 30 степени!

Поклоникот Серафимовски осми ден пешачи до Јаши, Романија каде се моштите на Св. Петка

Македонија е земја во која не би се вратила вели најмладата патничка во трка за Гинис