Утрински Весник
Македонија

203 санкционирани возачи во Скопје, 80 за брзо возење

442 казни за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се три мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

 

Можете да прочитате

Од вечер дожд и на планините снег

ВЛЕН: Случајот „Дурмо Турс” е жив доказ за неуспехот на системот

Мицкоски за „Сејф сити”: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи