Утрински Весник
Македонија

2025 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПОЛАДНА КАЈ НАС: Метеоролошкиот феномен ЛА НИЊА продолжува и во следните месеци!

Figure1 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според она што може во моментов да го изјавам за јавноста, оваа 2025 година ќе биде сосема поразлична од минатата 2024, кога бевме под влијание на Метеоролошкиот феномен ЕЛ НИЊО. Оваа година пак е спортивното, повеќе влијание ќе има ладната ЛА НИЊА, која секако треба во Европа, на Балканот и во нашата Македонија да донесе пониски температури во пролетните  и во летните месеци, а не се исклучува оваа година да имаме појава  и на доцни мразеви, и тоа во пролетните месеци, па дури не се исклучува можноста  и за појава на снежни врнежи во пролетта која ни доаѓа.


Секако, тоа не значи дека оваа година нема да има летни горештини во летните месеци, секако дека ќе ги има, но тие би требало да бидат со помал интензитет, за разлика од минатата 2024 година, кога навистина имавме долготрајни и екстремно топли бранови, проследени со повремени временски непогоди.

Оваа година треба летните временски непогоди да бидат поизразени за разлика од минатата 2024 година, што значи дека треба да имаме поврнежлива пролет и лето. Како што споменав погоре, не значи дека ако сме под влијание на ЛА НИЊА, дека нема да имаме лето, ќе го има истото но со помал интензитет, горештини секако дека ќе има, но како што кажав тие треба да бидат со помал интензитет и пократкотрајни за разлика од лани.

Можете да прочитате

Од почетокот на месецов, заклучно со вчера – издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

СДСМ: Комедија е тоа што ВМРО-ДПМНЕ нас не обвинува за скршнување од прозападниот курс