Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

200 санкционирани возачи во Скопје, 50 за брзо возење

200 санкционирани возачи во Скопје, 50 за брзо возење
Img 7972

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, велат од МВР.

dobivaj vesti na viber

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол, соопштува МВР.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон при возење и седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите