Утрински Весник
Економија

200 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Мајорел – Глобален водечки контакт центар доаѓа во Скопје

200 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Мајорел – Глобален водечки контакт центар доаѓа во Скопје

Majorel, водечки глобален провајдер на сеопфатни решенија за корисничкa поддршка, отвoра прва канцеларија во Скопје, дополнително проширувајќи го својот глобален географски печат. Новата компанија ќе отвори стотици нови работни места во регионот, потпирајќи се на висококвалификуваната работна сила во земјава, која зборува повеќе јазици, како и на образованите млади генерации во земјава.

За таа цел Томас Мекенброк, извршен директор на Majorel изјави:

„Со нетрпение очекуваме да го зголемиме присуството на Majorel во Северна Македонија во текот на следните години. Гледаме голем потенцијал во овој регион, кој отсекогаш бил дел од нашите амбициозни планови за понатамошно проширување. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им посакам добредојде на сите нови членови на Мајорел семејството во тимот во Скопје и да им посакам успех додека заедно се впуштаме во оваа нова возбудлива авантура“.

Повеќејазичниот контакт центар на компанијата е лоциран во срцето на Скопје, со одлични транспортни линкови, во модерен четирикатен канцелариски комплекс. Новата канцеларија на Мајорел има капацитет да прими 350+ вработени.

Тимот во Скопје ќе обезбедува услуги за корисничка поддршка на клиенти преку чет, телефон и електронска пошта за еден од нивните клиенти, глобален бренд од туристичката индустрија.

Комуникациските и јазичните вештини се главните квалификации што компанијата ги бара кај кандидатите и нуди дополнителни обуки за развој на своите вработени. Сите работни позиции се на веб-страницата на компанијата.

„Еден од клучните фактори во одлуката на Мајорел да влезе во Скопје, е квалификуваната работна сила со силни јазични вештини, особено со познавање на германски, англиски, италијански и турски јазик. Мајорел има за цел да постави нови стандарди на локалниот пазар на труд, обезбедувајќи извонредни пакети за вработување и работна средина која промовира безбедност, благосостојба, раст и можности за професионален развој на вработените – Изјави Џос Доренбуш, Менаџер за глобална експанзија во Majorel.

ЗА МАЈОРЕЛ

Ние дизајнираме, градиме, и испорачуваме целосна корисничка поддршка за дел од најценетите компании во светот, родени од дигиталната ера и вертикално-брендирани. Нашиот сеопфатен глобален печат во 34 земји на пет континенти, со повеќе од 66.800 членови на тимот и 60 јазици, докажува дека можеме да испорачаме флексибилни решенија кои ја користат нашата уникатна експертиза во културолошка повеќеслојност, што е од суштинско значење за вистински извонредно корисничко искуство.

Имаме длабока експертиза во доменот на корисничка поддршка од Front до Back Office. Покрај тоа нудиме, Digital Consumer Engagement, CX консалтинг и иновативен пакет на сопствени дигитални решенија за разни индустрии. Ние сме глобален лидер во содржински сервиси, доверба и сигурност. Ние веруваме дека токму заради целата оваа разновиднот Мајорел може да направи огромна разлика во оваа индустрија.

Главното седиште на Мајорел е во Грузија.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија