Утрински Весник
Македонија

20 годишно момче со „пежо“ удрил во оградата од касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Policija 1 670x444 1.jpg
Dik 300x250 mk

Вчера во 23.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.Г. од Прилеп, удрило во оградата од касарната „Мирче Ацев“, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца други малолетни сопатници од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, сите од Прилеп“, извести МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!