Утрински Весник
Спорт

20 годишниот Алкараз го победи Ѓоковиќ и стана победник на Вимблдон

20 годишниот Алкараз го победи Ѓоковиќ и стана победник на Вимблдон

Победник на 136 издание на Вимблдон е Карлос Алкараз. Тој го победи Новак Ѓоковиќ со 3:2 во сетови.

dobivaj vesti na viber

Иако првиот сет експресно го доби Ѓоковиќ со 6:1 во гемови, работите во вториот сет се свртеа.

Младиот Шпанец успеа да го добие во тај-брејк со 8:6, иако Новак беше блиску до освојување на сетот.

Во третиот сет тотална доминација на Алкараз. Новак беше во аут и го загуби сетот со 6:1 во гемови.

Шпанецот брилјираше во тие моменти за водство од 2:1 во сетови, но Новак се врати во четвртиот сет кој го доби со 6:3 за израмнување на резултатот во ова финале.

Петтиот сет трилер, на крајот го доби Алкараз со 6:4 во гемови за триумф.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина