Утрински Весник
Македонија

198 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење

Во наредните два дена посебен сообраќаен режим во Скопје
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, од кои 11 за возење без возачка дозвола, 43 санкции за непочитување на брзината на движење, 3 за управување под дејство на алкохол, 4 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење на мобилен телефон, 6 за некористење на сигурносен појас, 72 за непрописно паркирање и 5 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме модел кој гради, обединува и носи резултати

Кривична пријава против поранешен директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата”

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините