Утрински Весник
Македонија

191 сообраќајни прекршоци во Скопје

Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 39 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за возач почетник, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни

ВЛЕН: Реформата на ДУИ започнува и завршува со Блерим Беџети