Утрински Весник
Македонија

190 санкции за брзо возење

Brzo voze e 1.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден (04.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 190 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе има 17 килограми месо

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека направи дистинкција од МВР и ЈО, ако во нивно време тоа беше едно, сега се различни институции

Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови