Утрински Весник
Македонија

19 починати и 107 заболени од ковид во последните 24 часа

296 нови случаи на Ковид-19, починаа 8 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

Пријавени се и 19 починати лица: 12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г, 63г, 57г, 48г и 39г), 2 починати лица од Куманово (71г и 42г) и по едно починато лице од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г) и Македонска Каменица (87г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Во изминатото деноноќие регистрирани сe 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101,Штип – 21, Куманово – 19, Велес – 16, Кратово – 11, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 9, Тетово – 8, Кавадарци и Валандово – по 7, Струмица, Свети Николе и Виница – по 4, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Радовиш, Ресен, Крушево и Демир Хисар – по 2, Неготино и Гостивар – по 1.

Направени се 1.668 тестови преку: ИЈЗ-20, ЦЈЗ Скопје-20, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-88,Авицена-52, Биотек-162, Систина-42, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0,Никоб лаб-233, ВФВ Медикал-16, Ели Медика-36, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 999.

Досега во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.

Можете да прочитате

Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

Приведен жител на неготинско Курија, одземено возилото поради прекршоци

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ