Утрински Весник
Македонија

189 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени биле вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени биле и 10 мерки за некористење сигурносен појас, 36 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Можете да прочитате

Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички, ВЛЕН веќе го подготвува оправдувањето за пораз

Шест кандидати за градоначалник на Тетово и десет советнички листи

Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството