
Тија Билинџер, позната на интернет како Бони Блу и ѕвезда на платформата Онлифанс, објави дека го очекува своето прво дете, вест што предизвика бурни реакции и жестоки дебати на социјалните мрежи, пренесува британскиот „Мирор“.
Контроверзната инфлуенсерка неодамна беше во центарот на вниманието поради предизвик кој сама го организирала, а во кој, како што тврдеше, имала односи со 400 мажи. Токму по тој настан, информацијата дека е во блажена состојба дополнително го привлече интересот на јавноста.
Билинџер открила дека почнала да се сомнева дека е бремена откако неколку дена се чувствувала лошо за време на престојот на Тенерифе. Таа раскажала дека имала силни мачнини, мигрени и нагли промени во апетитот, поради што најголемиот дел од времето го поминувала во кревет.
Во видео објавено на нејзиниот Јутјуб-канал, каде ја следат околу 9.400 луѓе, таа ги споделила симптомите со своите следбеници.
„Повраќав, ме болеше главата – и кога велам главоболка, мислам на сериозна мигрена. Некои намирници не можев ни да ги помислам, а други морав веднаш да ги изедам“, изјавила таа.
По враќањето дома, решила да направи тест за бременост. Резултатот, како што вели, пристигнал за помалку од две минути и покажал две линии, што значело дека тестот е позитивен.
„Луѓе… дефинитивно сум бремена“, изјавила Бони Блу во видеото, додавајќи дека веста за неа била изненадување.
Нејзината објава веднаш предизвика лавина реакции на интернет, при што дел од корисниците изразија шок и неверување, додека други ја поддржаа и ѝ посакаа среќа во новото животно поглавје.


