Утрински Весник
Македонија

18 илјади денари К-15 за во приватниот сектор, административците ќе земат 100 евра помалку

Denari Pari.jpg

До крајот на календарската година задолжително околу 300 евра или 18.000 ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен одмор.

Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согалсно законот е утврден на 40% од просчената исплатена плата и за оваа година сумата е 18,141 денари за приватен сектор, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари.


Согласно законот, работодавците до 31 декември треба да исплатат К-15, кој изнесува најмалку 40 отсто од просечната плата, а најмногу 100 отсто.

К-15 им следува и на административците, кој е помал за 100 евра од оној кој се исплаќа во приватниот сектор.

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на календарската година, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите од приватниот сектор и тоа да исплатат на вработените кои кај нив (кај истиот работодавач) работеле најмалку 6 месеци во текот на една календарска година.

Можете да прочитате

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал

Техничка влада и европските реформи како индикатори на политички легитимитет или институционална криза т.е. добра можност за (предвремени) избори во Македонија

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоците, а за техничката влада сме согласни да се укине