Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

18 години без Тоше во Крушево: Ултрамаратонците му оддадоа почит на на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози

20251016163302 big 730x400 51.webp.webp
Img 7972

Со 500 рози, тага и сеќавања крушевчани ги пречекаа 12-те ултрамаратонци кои денеска пристигнаа во Крушево, на Гумење каде е вечното почивалиште на Тоше Проески, македонската и балканска ѕвезда, големиот човек и хуманитарец.

Маратонците по 18-пат, колку што години Тоше не е меѓу нас, го почнаа маратонот од Нова Градишка, Хрватска од местото каде Тоше на 16 октомври 2027 година загина во сообраќајна несреќа.


-На 13 октомври од 17 часот стартуваше 18-тиот ултра маратон од Нова Градишка, Хрватска. Патот од 900 километри заврши денеска во Крушево, На Гумење. Сѐ е во чест на нашата и балканска музичка ѕвезда, во чест на големиот Тоше Проески. Им се заблагодарувам на маратонците, на нивната жртва, на нивната битка со асфалтот. Пораката е да го следиме патот на Тоше кој беше ангел на земјата, а сега е ангел на небото, изјави ултрамаратонецот Наум Капричевски.

Најстариот, 73 годишен маратонец, Ангел Малинов од Загреб четврти пат учествуваше на маратонот.

-Ова е само и единствено за Тоше. Не можам ништо повеќе да кажам, рече Малинов.

Најмладиот, 9-годишниот Даријан Капричевски првпат учествува на маратонот.

– Сакам да го слушаме Тоше и да ги применуваме сите пораки што ги праќаше. Рече малиот Даријан.

На вечното почивалиште на Тоше на Гумење се собраа почитувачите на неговото дело од Македонија, балканските, па и од европските земји.

-Го слушаме Тоше во Словенија. Ќерка ми ги пее неговите песни. Тоше беше светски човек и ние го сакаме, вели Неа Порович од Словенија.

Од Црна Гора стигна пејачот Стеван Феди кој бил првиот претставник на на својата земја на Евровизија, една година по Тоше кога тој ја претставуваше Македонија на Евросонгот.

-Смеам да кажам дека како Тоше нема да гледаме долго време на овие простори. Добро е што еднаш годишно се собираме на музички начин да изразиме благодарност на влијанието што Тоше Проески го изврши. Дури и на мене и на моето дете. Убаво е што се негува една култура и уметност што ја персонифицираше Тоше Проески. Како великан на уметноста, едноставно како еден голем човек, рече Феди.

Во Крушево и во Битола се одржува Фестивал со учесници кои ги пеат песните на Тоше.

-Минатата година за првпат го организиравме меѓународниот натпревар во пеење на песните на Тоше. Се одржа во Скопје, во Македонската опера и балет, а оваа, втора година, се одржува во Крушево, каде живееше Тоше, и во Битола, каде учеше во средното музичко училиште. На фестивалот се 16 учесници од 7 до 38 од Македонија, Србија, Бугарија,од Словенија, Црна Гора, дури имаме и учесници од далечниот Казахстан. Убаво е да се слушнат младите таленти како ги пеат песните на Тоше. Целта е да го продолжиме споменот за Тоше, истакна Марјан Катароски, директор на „Естрада мултимедија центар“, организатор на фестивалот „песните на Тоше Проески“.

Сите посетители денеска го посетија и Спомен- домот „Тодор Проески“ наз Гумење. Со околу 1000 експонати од Тоше Проески, овој музеј е еден од најпосетуваните во Регионот со преку еден милион гости.

Можете да прочитате

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена 

Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата