Утрински Весник
Македонија

179 санкционирани возачи во Скопје

Во наредните два дена посебен сообраќаен режим во Скопје
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 28 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 санкции за управување под дејство на алкохол, девет за користење на мобилен телефон и осум мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

При претрес во Охридско пронајдени пиштоли, пушки и муниција

Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1598 акредитирани набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен

Ужас во Ресен: Мајка ја претепала малолетната ќерка