Утрински Весник
Македонија

173 возачи казнети во Скопје, 44 за пребрзо возење

173 возачи казнети во Скопје, 44 за пребрзо возење

Полицијата во текот на вчерашниот ден (26 јуни) продолжи со сообраќајни контроли на територијата на Скопје.

Како што информираат од МВР, притоа изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 44 санкции, 20 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 10 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 19 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум за користење мобилен телефон при возење….

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за посигурни патишта.

 

 

 

 

Можете да прочитате

Мојсоска: Некомпетентните кадри, корупцијата, „скриј ја пријавата”, партизацијата на институциите убиваат

Филипче од Свети Николе: Со ВМРО-ДПМНЕ, државата целосно ги напушта вредностите на демократијата, еднаквоста и солидарноста

Четири активни пожари низ државата