Утрински Весник
Македонија

17-годишен ученик избоден 15-годишен ученик – Тежок инцидент во средно училиште во Кичево

Tepacka.webp.webp

Тежок инцидент се случил вчера во средно училиште во Кичево, кога 17-годишен ученик со остар предмет нападнал помлад ученик.

„На 6.10.2025 година во 11.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на средно училиште во Кичево, 17- годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево. Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти полицијата.


Можете да прочитате

За 24 часа уапсени пет лица за семејно насилство

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Шестмина уапсени за организирање нелегални борби со кучиња