Утрински Весник
Македонија

17 октомври е датумот за локалните избори, изјави Заев

17 октомври е датумот за локалните избори, изјави Заев

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека датумот за одржување на локалните избори останува ист, односно 17 октомври.

„Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17-ти, односно, нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми заради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но, на крајот се одлучи трите дена не менуваат ништо, пописот е активност којашто финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем пописот секојпат се држел 20 дена, овојпат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите“, изјави Заев.

Тој објасни дека предлогот за прагот на поднесување на независните листи е 2 проценти од вкупниот број избирачи.

„Ако има општината 10.000 избирачи, треба 200 потписи за да се поднесе независна листа. Ако има 50. 000 избирачи, треба 1 000 потписи за да се поднесе независна листа“, додаде Заев.

Можете да прочитате

Херојот Иван по 24-часовна борба со огнот е во стабилна состојба

Претседателката Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон

Трајчулевски: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии