Утрински Весник
Свет

17-годишно девојче почина од коронавирус во Сплит

Нови 438 случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 6 лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

17-годишно девојче кое имало други респираторни проблеми заедно со инфекцијата почина како резултат на инфекција со коронавирус во болницата во Сплит. Лекарите не можеле да ја реанимираат.

На девојчето му се слошило во саботата додека било со своето семејство во куќа во близина на Сплит, поради што семејството повикало брза помош. И била укажана прва помош во локалниот здравствен дом, по што била пренесена во Клиничката болница во Сплит, каде лекарите не биле во можност да ја спасат.

Тестирањето покажало дека е позитивна на Ковид-19, а претходно имала проблеми со дишењето првенствено поради астма.Точната причина за смртта ќе се утврди со обдукција, која треба да се изврши во Клиничката болница во Сплит.

Неофицијално се знае дека целиот клас на гимназијата во Сплит, на кој присуствувал 17-годишно девојче, е во самоизолација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода