Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран по 2 и по еден заразен во Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се седум починати лица – 4 починати од Скопје (71, 69, 59 и 55 години) и по едно починато лице од Велес (67), Струмица (65) и Штип (77). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
За 24 часа регистрирани сe и 275 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен во Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар.
Направените 1.478 тестови се преку: ИЈЗ-131, ЦЈЗ Скопје-26, ЦЈЗ Куманово-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-82, Биотек-71, Систина-53, лабораторија Лаор-74, Ремедика-13, Плодност–34, Никоб лаб-210, ВФВ Медикал-20, Ели Медика-17, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 653.
Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 95588, Активни 2762
Куманово 12966, Активни 189
Тетово 11353, Активни 87
Прилеп 10386, Активни 340
Битола 8883, Активни 494
Гостивар 8075, Активни 21
Велес 7362, Активни 165
Кавадарци 7120, Активни 243
Штип 6632, Активни 115
Охрид 6558, Активни 212
Струмица 6157, Активни 113
Кичево 4237, Активни 43
Кочани 4042, Активни 106
Струга 3913, Активни 35
Гевгелија 2821, Активни 82
Неготино 2581, Активни 41
Свети Николе 2128, Активни 40
Крива Паланка 1913, Активни 70
Ресен 1770, Активни 61
Радовиш 1760, Активни 61
Берово 1466, Активни 55
Дебар 1456, Активни 0
Делчево 1429, Активни 103
Виница 1162, Активни 17
Пробиштип 1128, Активни 23
Валандово 959, Активни 42
Кратово 778, Активни 27
Богданци 647, Активни 19
Демир Хисар 622, Активни 50
Крушево 595, Активни 32
Македонски Брод 505, Активни 14
Демир Капија 426, Активни 4
Македонска Каменица 421, Активни 27
Пехчево 353, Активни 7
Дојран 170, Активни 7