Утрински Весник
Македонија

16-годишник од Кочанско по расправија за девојка, со пиштол му се заканувал на друг малолетник

Pistol pukanje 960x640 1.jpg

На 19.03.2026 во 15:45 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото.

Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од с.Оризари, кочанско.


Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор со малолетникот и одземени се пиштол „екол” калибар 9 мм и рамка со еден куршум.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Минчев: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Во последното деноноќие осум пријави за семејно насилство, приведени четири лица

Велосипедист пренесен во болница по удар со автомобил