Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

155 нови случаи на Kовид -19 во земјава, починати се две лица

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години
300x250 opst2

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-51, Куманово-11, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-4, Тетово-10, Струга-3, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-14, Гостивар-22, Гевгелија-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Виница-2, Кичево-3, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-40, Куманово-17, Штип-22, Прилеп-6, Велес-2, Битола-2, Гостивар-5, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-12.

Починати се 2 лица, пациент од Скопје (80 години) и пациент од Штип (74 години). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5051, активни 1241
• Куманово 1125, активни 254
• Дебар 210, активни 119
• Штип 923, активни 371
• Прилеп 341, активни 45
• Тетово 1081, активни 196
• Струга 473, активни 190
• Велес 227, активни 20
• Битола 154, активни 70
• Охрид 294, активни 86
• Кавадарци 97, активни 75
• Гостивар 535, активни 300
• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 39, активни 23
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 6
• Крушево 16, активни 7
• Кочани 108, активни 20
• Пробиштип 59, активни 17
• Демир Хисар 40, активни 30
• Македонски Брод 47, активни 38
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 28, активни 24
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 230, активни 118
• Кичево 182, активни 112
• Ресен 146, активни 19
• Неготино 30, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1845 теста се преку: ИЈЗ-853, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-282, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-181, Систина со PCR метода -141, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-42, Инфективна клиника-6, ГАК-6. Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: До евтините пратки и дојде на власта, ДПМНЕ пак удри по џебот на граѓаните

Поднесено обвинение против лице што му се заканувало на директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите

Европската левица го следи случајот со цензурата врз Левица