Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

153 сообраќајни прекршоци во Скопје

163 санкции за брзо возење
Img 7972

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, седум санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.

„Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за некористење сигурносен појас“, велат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Го викна на кафе, па го изрешета: Како беше извршена мафијашката ликвидација во Штип

Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Денеска 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани