Утрински Весник
Македонија

152 санкционирани возачи во Скопје, 28 за брзо возење

За четири часа 61 казна за брзо возење на територија на СВР Битола
Dik 300x250 mk

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!