Утрински Весник
Македонија

151 санкционирани возачи во Скопје, 15 без возачка

207 казнети возачи во Скопје

Според информациите од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за нерегистрирани возила.

dobivaj vesti na viber

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за возач почетник.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Трендафилов: Ако мислат дека со притисоци и снимки ќе не замолчат – се лажат

Стојаноски: Владата ќе има системска борба наместо привремени мерки за запирање на поскапувањата

Времето утре ќе биде сончево