Утрински Весник
Македонија

151 санкции за брзо возење и 188 санкции за прекршоци на пешаците

Pesaci.jpg

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 151 возач.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

Истовремено во контролите за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците санкционирани се 188 пешаци од кои, 163 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 98 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Клековски: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: Дали наскоро на Балканот пристигнува циклонот “Убиец на летото”?!

Реновирани тоалетите во ООУ “Кирил Пејчиновиќ” во Кисела Вода