Утрински Весник
Магазин

„150 желби за 150 деца без родителска грижа“ – новогодишната хуманитарна кампања на СОС Детско Село

Image 2025 12 15 124048566.png

Во пресрет на новогодишните празници, како дел од иницијативата #ИнфлуенсериЗаДобро, СОС Детско Село и оваа година ја започнува емотивната хуманитарна инфлуенсерска кампања „150 желби за 150 деца без родителска грижа“.

Целта на кампањата е 150 инфлуенсери, јавни личности и поддржувачи да споделат новогодишна порака посветена токму на 150 деца без родители и родителска грижа, до 14 годишна возраст кои во моментов се поддржани од СОС Детско Село. Со своите пораки, тие ќе придонесат кон ширење на позитивна мисла и ќе донесат чувство на грижа, радост и надеж во празничните денови.

Црвената маичка со автентични детски цртежи е срцето на кампањата. Носејќи ја маичката и споделувајќи ја својата новогодишна желба, инфлуенсерите стануваат „1 од 150“ гласови кои ја користат својата платформа за да ја направат видлива потребата од поддршка на децата без родителска грижа и да поттикнат поширока општествена одговорност.

„Секој кој ќе ја облече маичката и ќе посака желба станува дел од заедницата која се грижи. Јавните личности имаат моќ да инспирираат, да обединуваат и да поттикнат позитивни промени особено кога нивниот глас е насочен за децата на кои им е најпотребна поддршка“- велат од СОС Детско Село.

Вистинската магија доаѓа во јануари

Кампањата ќе трае во текот на месец декември, а во јануари дел од видеата со новогодишните желби ќе им бидат прикажани на децата поддржани од СОС Детско село, со цел да почувствуваат дека зад секоја желба стои некој што се грижи.

Секој може да биде една желба. Со само еден мал гест – донација, споделување или поддршка, можеме заедно да создадеме празнична магија која ќе трае многу подолго од празниците.

Можете да прочитате

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Дневен хороскоп за 15 декември 2025 година

Хибернација кај животните – стратегии за преживување во зима