Утрински Весник
Македонија

15 кривични за двајца крадци од Кочани и Штип, сториле осум тешки кражби

15 кривични за двајца крадци од Кочани и Штип, сториле осум тешки кражби

15 кривични пријави ќе бидат поднесени против двајца крадци од Штип и Кочани, соопшти МВР.

ОВР Берово ќе поднесе 15 кривични пријави против Т.М.(42) од Кочани и К.М.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела.

Тие се сомничат дека во периодот од 08.03.2020 до 24.02.2021 извршиле осум „тешки кражби“ во цркви, казниви по Кривичниот законик, пет за „одземање на моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик и две „тешки кражби“ во викенд куќи по член 236 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Д-р Димитриевска: Модерните уреди електронските цигари се поштетни од цигарите

Јотова: До јуни да се реши прашањето ако Македонија сака ЕУ

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава