Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

15 годишно момче загина во сообраќајка во скопската населба Марино

15 годишно момче загина во сообраќајка во скопската населба Марино
300x250 opst2

Во трагична сообраќајна несреќа во скопската населба Марино загина 15 годишно момче.

Несреќата се случила вчера околу 13 часот кога автомобил марка „Рено“ со скопски регистарски ознаки се судрил со мопед управуван од починатото лице.

Според информации од министерството за внатрешни работи вчера во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед „Априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје.

Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ