Утрински Весник
Македонија

147 санкции за брзо возење

147 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 147 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 82 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Туфегџиќ до СДСМ: Станавте партија за жалење

Коцевски за кобниот 16-ти март: Сликата пред „Пулс“ беше страшна, не можевме да веруваме дека има 50 жртви

Коцевски во „Ноќно студио“: Како што „копавме“ по доказите, така излегуваа системските пропусти