Утрински Весник
Македонија

146 сообраќајни прекршоци во Скопје

сообраќајни прекршоци
Dik 300x250 mk

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за непрописно престројување на возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ, вели европратеничката Јовева

Муцунски за извештајот на Европската комисија: „И покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во Извештајот на Европската унија”