Утрински Весник
Македонија

144 санкционирани возачи во Скопје, 19 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон 15 санкции, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за непрописно престројување.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ 20 години го труеше народот со корупција, сега зборува за воздухот

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа – прифатени мерките по сообраќајката

Др. Беќаровски: Потребата од клинички токсиколози и онколози рапидно ќе расте