Утрински Весник
Македонија

143 санкции за брзо возење

143 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 64 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово

Претседателот Филипче го честиташе големиот празник Богојавление – Водици