Утрински Весник
Македонија

140 санкционирани возачи во Скопје – 34 под дејство на алкохол

140 санкционирани возачи во Скопје – 34 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 34 санкции, 21 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните