Утрински Весник
Македонија

14 возачи приведени низ државата – без дозволи, под забрана и под алкохол

Policija.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишија од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило.

Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале и покрај активна забрана, а еден бил фатен под дејство на алкохол.


Од возачите без дозвола, тројца се затекнати во Гостивар, по двајца во Делчево и Скопје (од кои еден управувал нерегистриран мотоцикл), а по еден во Тетово, Кавадарци, Битола и Гевгелија, каде исто така бил управуван нерегистриран мотоцикл.

Дополнително, еден возач во Скопје и еден во Велес управувале возило и покрај изречена активна забрана, додека во Берово е регистриран возач кој управувал под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без дозвола, под забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во вторник треба да се знае дали и за колку поскапеле основните прехранбени продукти во април

Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата

Сведоштва за ужасот во „Пулс“: секунди до спас, хаос и борба за живот