Утрински Весник
Свет

14 години чувал киднапирана девојка како робинка: oд кафез го слушала монструмот како убива и други жртви во Русија

Приведен прилепчанец, украл трактор кој подоцна му бил вратен на сопственикот

Владимир Ческидов (51) од Русија е осомничен дека во ропство држел девојка која ја киднапирал 14 години.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, наводно, ја киднапирал Екатарина (33) на железничката станица во 2009 година. Девојчето живеело во заробеништво во селото Смолино и успеало да побегне само преку сплет на околности, пренесуваат медиумите во регионот.

Девојката 14 години била затворена во соба со решетки и постојано била малтретирана. Порталот 74.ru наведува дека никој не ја барал бидејќи е од нефункционално семејство и немало кој да се грижи за неа.

Наводно, била толку многу претепана што ги заборавила сите контакт информации на роднините и не можела да и се јави на сестра си. Владимир ја врзувал својата жртва за греда и ѝ ставал селотејп на устата секогаш кога излегувал од дома. На Екатарина и било дозволено да излезе од собата само за да работи низ куќата.

Но, на Владимир на 30 јули ненадејно му се слошило поради пијанство, по што неговата мајка која живеела во истата куќа повикала брза помош која го однела во болница. Киднаперот немал време да ја заклучи вратата од собата во која ја чувал киднапираната Екатерина, која потоа успеала да побегне.

Засега не е познато зошто неговата мајка не и помагала на Екатарина цели 14 години.

Медиумите во Русија наведуваат дека Екатерина на инспекторите им кажала и за убиство на жена извршено од мажот во периодот од 2010 до 2011 година. Таа изјавила дека Владимир и таа девојка се степале и дека слушнала како вика за помош, а при тоа ја убил и ја распарчил.

При претресот, според „МСК1“, во дворот биле пронајдени човечки останки, а против Владимир е отворен уште еден случај.

Соседите не можеле да претпостават што се случува бидејќи куќата била оградена, додека Владимир ретко излегувал. Многумина изјавиле дека мислат дека куќата е напуштена бидејќи ретко доаѓала светлина од неа.

Екатарина рекла дека не барала помош и дека долго време се плашела да побегне бидејќи Владимир ја следел со нож и дека се плашела да не заврши како другата жртва.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници