Утрински Весник
Македонија

14 лица го прекршиле полицискиот час, а 534 добиле казни за неносење маска

Тројца во Велес обвинети за непочитување на здравствените прописи​

Полицискиот час во периодот од 22 часот синоќа до 5 часот утрово го прекршиле 14 лица, информираат од МВР.

Од таму додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска, како превениција од коронавирусот, регистрирани се 534 прекршоци.

Ресорното министерство воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Можете да прочитате

Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

Пендаровски: Уставниот суд потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите

Внук крвнички ја претепал баба си во Битола