Утрински Весник
Македонија

14 возачи во Охрид возеле под дејство на алкохол

14 возачи во Охрид возеле под дејство на алкохол

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид, при што санкционирани се 14 возачи.

МВР информира дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Полицаец тешко повреден во сообраќајна несреќа со службено возило

Жерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ – Мицкоски ја краде иднината на младите

АРМ објави оглас за 300 нови војници