Утрински Весник
Македонија

139 сообраќајни прекршоци во Скопје, 61 за брзо возење

118 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, седум за возење без возачка дозвола, два прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 51 санкција за непрописно паркирање, две санкции за минување на црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест