Утрински Весник
Македонија

137 нови случаи на Kовид-19 во земјава, оздравеле 58 пациенти, почина едно лице

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-19, Штип-8, Тетово-4, Струга-2, Велес-6, Битола-7, Гостивар-10, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Делчево-5, Свети Николе-6, Кичево-3, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од: Скопје-22, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-11, Битола-2, Охрид-9, Гостивар-5, Демир Хисар-3, Виница-1.

Во болнички услови починa 63-годишен пациент од Дебар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5669, активни 861
• Куманово 1374, активни 336
• Дебар 237, активни 73
• Штип 1108, активни 258
• Прилеп 391, активни 56
• Тетово 1184, активни 169
• Струга 546, активни 141
• Велес 259, активни 35
• Битола 195, активни 54
• Охрид 323, активни 57
• Кавадарци 168, активни 99
• Гостивар 732, активни 315
• Гевгелија 41, активни 23 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 57, активни 22
• Крива Паланка 37, активни 12
• Радовиш 39, активни 10
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 132, активни 30
• Пробиштип 75, активни 20
• Демир Хисар 60, активни 27
• Македонски Брод 68, активни 38
• Пехчево 9, активни 3
• Берово 36, активни 27
• Валандово 7, активни 0
• Виница 63, активни 41
• Делчево 32, активни 27 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 2
• Свети Николе 275, активни 66
• Кичево 260, активни 106
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 40, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1414 теста се преку: ИЈЗ-686, ЦЈЗ Скопје-3, Авицена-289, Биотек-115, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –76 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-5, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 2 деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 68 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 114
• Гази Баба – 107
• Аеродром – 103
• Карпош – 92
• Центар – 84
• Кисела Вода – 89
• Ѓорче Петров – 68
• Бутел – 60
• Шуто Оризари – 40
• Студеничани – 20
• Сарај – 21
• Арачиново – 17
• Илинден – 13
• Сопиште – 8
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 2

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени